Psalms (131/150)  

1. Господи, срцето мое не се вознесуваше, ниту очите мои се креваа високо; не копнеев по големи работи ниту по она што е над моите сили.
2. Но се смирував во мислите свои и ја воздигав душата моја како дете кон мајката своја; така возврати и на душата моја.
3. Нека се надева Израилот на Господа отсега и довека.

  Psalms (131/150)