Psalms (130/150)  

1. Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи.
2. Господи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, -
3. Господи, ако гледаш на беззаконијата, - тогаш кој ке се одржи, Господи?
4. Но во Тебе има простување.
5. Заради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор;
6. душата моја се надеваше на Господа: Од утрената стража па до нокната, од утрената стража нека се надева Израилот на Господа.
7. Зашто милоста е во Господа и голем е откупот во Него.
8. И Он ке го избави Израилот од сите негови беззаконија.

  Psalms (130/150)