Psalms (129/150)  

1. Многумина се бореа против мене уште од младоста моја - нека каже Израилот.
2. многупати војуваа против мене од младоста моја, но не ме совладаа.
3. На плешките мои грешниците дејствуваа, продолжувајки со своето беззаконие.
4. Но Господ праведен ги расече јажињата на грешниците.
5. Нека се засрамат и нека свртат назад сите, кои го мразат Сион!
6. Нека бидат како тревата на покрив, која се исушува пред да биде истргната.
7. со која жетварот нема да ја исполни раката своја, ни прегратката своја оној што ја врзува во снопови.
8. А минувачите не рекоа: "Благословение Господово на вас; ве благословуваме во името на Господа!"

  Psalms (129/150)