Psalms (125/150)  

1. Кои се надеваат во Господа, тие се како гората Сион; кој живее во Ерусалим, нема да се поколеба, ке живее вечно.
2. Околу Ерусалим има гори, а Господ е околу својот народ отсега и засекогаш.
3. Зашто Господ нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните, за да не ги посегаат праведниците рацете свои кон беззаконие.
4. Гопсоди, направи им добро на добрите и на оние со чисто срце.
5. А оние што свртуваат кон крив пат, нив Господ ке ги одведе со оние што вршат беззаконие. Мир на Израилот!

  Psalms (125/150)