Psalms (124/150)  

1. Да не беше Господ со нас, - нека каже Израилот, -
2. да не беше Господ со нас, кога лу ето се кренаа против нас, -
3. живи ке не проголтаа, кога пламна нивната јарост против нас;
4. вода ке не потопеше, поток ке го однесеше животот наш;
5. бурна вода ке ја однесеше нашата душа.
6. Нека е благословен Господ, Кој не не прададе во плен на нивните заби.
7. Душата наша се избави како птица од примка на ловци: примката се скина, а ние се избавивме.
8. Помошта наша е во името на Господа, Кој го создаде небото и земјата.

  Psalms (124/150)