Psalms (123/150)  

1. Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небесата.
2. Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката - кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, се додека не се смилува.
3. Смилуј се на нас, Господи, смилуј се, зашто многу сме понизени со презир;
4. зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите.

  Psalms (123/150)