Psalms (122/150)  

1. Се зарадував кога ми рекоа: "Kе одиме во домот Господов."
2. Ете, нозете наши стоеја во твоите дворови, Ерусалиме, -
3. Ерусалим, кој е изграден како град, излиен во една целина,
4. Таму се искачуваа племињата, Господовите племиња, сведоштвото Израилево, за да се исповеда името Господово.
5. Зашто таму се поставија престолите судиски, престолите на домот Давидов.
6. Барајте мир за Ерусалим и нека им биде добдро на оние, кои те сакаат!
7. Нека има мир околу sидовите твои и изобилие во кулите твои.
8. Поради браката мои и блиските мои зборував за мир во тебе!
9. Заради домот на Господа, нашиот Бог, ти пожелувам добро.

  Psalms (122/150)