Psalms (120/150)  

1. Кон Господа повикав во маката своја, и Он ме услиши.
2. Господи, избави ја душата моја од неправедна уста и од јазик лукав.
3. Што ке Ти даде Тебе и што ке Ти придаде лукавиот јазик?
4. Изострени стрели на силник, разгорени со пустински јаглен.
5. Тешко мене, бидејки привремениот престој ми се продолжи, се вселив во шаторите кидарски.
6. Долго живееше душата моја со оние што го мразат мирот.
7. Јас бев мирољубив: но кога им зборував, тие војуваа против мене без причина.

  Psalms (120/150)