Psalms (12/150)  

1. Спаси ме, Господи, зашто не остана праведен, зашто се намалија верните ме у синовите човечки.
2. Суета му кажуваат секој на ближниот свој; од дволично срце устите зборуваат лага.
3. Нека ги истреби Господ сите соблазниви усти и јазик што се возвеличува;
4. оние што зборуваат: "Јазикот свој ке го величаме; устата ни е со нас; кој е господар над нас?"
5. "Заради страдањата на сиромасите и офкањата на бедните ке се кренам сега - вели Господ - ке го спасам оној, кому сакаат да му напакостат."
6. Зборовите на Господа се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја, седумпати пречистено.
7. Ти, Господи, ке не одбраниш и ке не запазиш од овој род и довека.
8. Нечестивите одат наоколу; според возвишеноста Своја многу си им допуштил на синовите човечки.

  Psalms (12/150)