Psalms (119/150)  

1. Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов.
2. Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од се срце Го бараат.
3. Оние кои не вршат беззаконие, тие одат по Неговите патишта.
4. Ти заповеда да се пазат Твоите заповеди.
5. О, да се беа управиле моите патишта за да ги чувам Тавоите заповеди!
6. Тогаш немаше да се засрамам, гледајки ги сите Твоие заповеди.
7. Kе Те славам Господи со чисто срце, кога ке ги научам Твоите праведни судови.
8. Kе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема.
9. Како младичот ке го запази во чистота патот свој? - Ако ги пази зборовите Твои.
10. Со сето срце мое Те побарав, не отстранувај ме од Твоите заповеди.
11. Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе.
12. Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите наредби.
13. Со устата своја ги разгласив сите судови од устата Твоја.
14. По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство.
15. Kе размислам за Твоите заповеди и ке го разберам патот Твој.
16. Од наредбите Твои ке се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зброви.
17. Покажи милост кон Твојот слуга, и ке живеам и ке ги пазам Твоите зборови.
18. Отвори ги очите мои, и ке ги разберам чудесата од Твојот закон.
19. Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди.
20. И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите судови.
21. Им се закани на горделивите; проклети да се оние, кои се отконуваат од Твоите заповеди.
22. Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги засакав Твоите сведоштва.
23. Кнезовите седат и ме клеветаат, и Твојот слуга размислува за Твоите наредби.
24. Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои - советници.
25. Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот Твој.
26. Патиштата мои ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите наредби.
27. Вразуми ме да го разберам патот на Твоите наредби и јас ке размилувам за Твоите чудеса.
28. Душата моја засолзи од тага, зацврсти ме со зборовите Твои.
29. Отстрани го од мене патот на неправдата и помилуј ме со законот Твој.
30. Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови.
31. Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме посрамувај.
32. Kе побрзам по патот на Твоите заповеди, кога ке го рашириш срцето мое.
33. Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ке се придржувам за нив до крај.
34. Вразуми ме, и ке се држам за законот Твој и ке го пазам со сето срце свое.
35. Постави ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав.
36. Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомства.
37. Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат.
38. Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе.
39. Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите судови се благи.
40. Ете, ги засакав Твоите заповеди: Оживи ме според Својата правда.
41. И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасение од Тебе според зборовите Твои, -
42. и јас ке им одговорам на оние што ме навредуваат, зашто се надевам на зборовите Твои.
43. Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите судови.
44. И ке го чувам Твојот закон засекогаш и во веки веков.
45. Kе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди.
46. И ке зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам;
47. и ке се поучувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав;
48. ке ги протегнам рацете свои кон Твоите заповеди, кои ги возљубив, и ке размислувам за Твоите наредби.
49. Внуши слово кон Твојот слуга, со кое си му дал надеж.
50. Таа ме утешува во невољата моја, оти Твоето слово ме оживува.
51. Горделивите го престапија законот многу, но јас не се остртранив од Твоите закони.
52. Се сетив за Твоите вечни судови, Господи, и се утешував.
53. Тага ме обзема од грешниците што го напуштаат Твојот закон.
54. Наредбите Твои ми беа песна кога патувам во некое место.
55. Ноке го споменувам името Твое, Господи, и го пазам законот Твој.
56. Он стана мој, зашто ги пазам Твоите заповеди.
57. Дел мој си Ти, Господи, - си реков - ке го пазам законот Твој.
58. Му се помолив на лицето Твое од се срце: помилуј ме, според словото Твое.
59. Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите сведоштва.
60. Се подготвив и не се збунив да ги запазам Твоите заповеди.
61. Замки од грешници ме опкружија, но јас не го заборавив Твојот закон.
62. На полнок станував да те величам поради Твоите праведни судови.
63. Јас сум ме у оние, што се бојат од Тебе и кои ги пазат Твоте наредби.
64. Со Твојата милост, Господи, земјата е полна; научи ме на Твоите наредби.
65. Добрини си му направил, Господи, на Твојот слуга според Твоето слово.
66. Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам на Твоите наредби.
67. Пред моето страдање јас прегрешив; а сега го пазам Твојот збор.
68. Ти си добар, Господи, и поради добрината Твоја научи ме на Твоите наредби.
69. Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од се срце ке ги пазам Твоите заповеди.
70. Се засири срцето мое како млеко; но јас се утешувам со Твојот закон.
71. Добро ми е што ме смири, за да се научам на Твоите наредби.
72. Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку иљадници злато и сребро.
73. Твоите раце ме создадоа и изградија: вразуми ме, и ке се научам на Твоите заповеди.
74. Оние, кои се бојат од Тебе, кога ке ме видат ке се зарадуваат, затоа што се надевав на Твоите зборови.
75. Знам, Господи, дека Твоите судиви се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни.
76. Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон Твојот слуга.
77. Нека пријде на мене Твојата штедрост, и јас ке живеам, зашто законот Твој е утеха моја.
78. Нека се посрамат горделивите, зашто неправедно и без вина ме обвинуваат.
79. Нека се обрнат кон мене, они што се плашат од Тебе и кои ги знаат Твоите сведоштва.
80. Нека биде срцето мое непорочно во Твоите наредби, та да не се посрамам.
81. Копнее душата моја за Твоето спасение; јас се надевав на Твоите зборови.
82. Очите мои попуштија од желба за Твоето слово велејки: кога ке ме утешиш?
83. Зашто станав како мев на мраз, но Твоите наредби не ги заборавив.
84. Колку се дните на Твојот слуга? Кога ке извршиш суд над моите гонители?
85. Законопрестапниците се подигруваат со мене спротивно на Твојот закон.
86. Сите Твои заповеди се вистина. Неправедно ме гонат: помогни ми!
87. За малку ке ме убиеја на земјата, но јас не ги оставив Твоите заповеди.
88. Споерд Твојата милост оживи ме, и јас ке ги пазам сведоштвата од Твојата уста.
89. Твоето слово, Господи, е засекогаш утврдено на небото;
90. Твојата вистина е од род во род. Ти си ја поставил земјата, и таа стои.
91. Според Твоја воља постои денот. Се што постои, Тебе ти служи.
92. Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ке загинев во невољата своја.
93. Никогаш нема да ги заборавам Твоите наредби, зашто преку нив ме оживуваш.
94. Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите наредби.
95. Грешниците настојуваа да ме убијат, но јас ги разбрав сведоштвата Твои.
96. Го видов крајот на секое совршенство, но Твоите заповеди се безгранични.
97. Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него.
98. Со својата заповед Ти ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене.
99. Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука.
100. Поумен станав од старците, зашто ги сакам Твоите заповеди.
101. Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое.
102. Од твоите судови нема да се откажам, зашто Ти ме учиш.
103. Колку се слатки за глото мое зборовите Твои, послатки се од мед во устата моја.
104. Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој пат на неправда.
105. Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја.
106. Се заколнав и реков да ги пазам Твоите праведни судови, и ке ги исполнувам.
107. Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово.
108. Затоа, благослови, Господи, да примиш доброволна жртва од мојата уста, и научи ме на Твоите судови.
109. Душата ми е постјано во Твојата рака, но Твојот закон не го заборавив.
110. Грешниците ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди.
111. Твоите сведоштва ги примив како вечно наследство, зашто тие се голема радост за срцето мое.
112. Го натерав срцето свое да ги извршува наредбите Твои како вечно оправдание.
113. Престапниците на законот ги замразив, но Твојот закон го сакам.
114. Ти си мој помошник и мој заштитник: на Твојата слава се надевам.
115. Иставете се од мене беззаконици, за да ги испитам заповедите на мојот Бог.
116. Застапи се според Твоето слово, и јас ке живеам; не посрамувај ме во надежта моја;
117. помогни ми, и ке се спасам: и во Твоите наредби постојано ке се учам.
118. Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите наредби, зашто нивните мисли се неправедни.
119. Сите грешници земни ги сметам како престапници, затоа засекогаш ги засакав Твоите сведоштва.
120. Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам.
121. Јас вршев суд и правда; не предавај ме на оние што ми чинат неправда.
122. Прими го Твојот слуга за негово добро, та да не ме клеветат горделивите.
123. Очите ми копнеат, очекујки го спасението од Тебе, и словото на Твојата правда.
124. Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите наредби.
125. Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ке ги познаам сведоштвата Твои.
126. Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го разурнаа.
127. Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеке.
128. Затоа се управував според сите Твои заповеди и патот на неправдата го замразив.
129. Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги испитуваше.
130. Објавувањето на Твоите зборови ги просветува и вразумува младите.
131. Ја отворив устата моја и воздивнав, зашто жеден сум за Твоите заповеди.
132. Погледај кон мене и помилуј ме, како што се постапува со оние, кои го сакаат Твоето име.
133. Утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допушти со мене да овладее никакво беззаконие.
134. Избави ме од човечко клеветење и ке ги пазам Твоите заповеди,
135. озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на Твоите заповеди.
136. Од очите мои потоци извори солзи, зашто не го запазив Твојот закон.
137. Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди.
138. Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и вечна вистина.
139. Ревноста моја ме јаде, зашто непријателите мои ги заборавија Твоите слова.
140. Твоето слово е многу чисто, и Твојот слуга го сака.
141. Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавив.
142. Твојата правда е вечна правда, и Твојот закон е вистина.
143. Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моја поука.
144. Правдата на Твоите сведоштва е вечна; вразуми ме, и ке живеам.
145. Те призивам со сето срце мое, услиши ме, Господи, - и ке ги пазам наредбите Твои.
146. Тебе Те повикувам: спаси ме, па ке ги пазам Твоите слова.
147. Ја испреварувам зората и викам: на Твоето слово се надевам.
148. Очите мои се отворија пред утринската стража, за да се поучам на Твоите слова.
149. Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според Твојот суд оживи ме.
150. Се приближија оние, што сакаат беззаконие; од законот Твој тие се оддалечија.
151. Близок си Ти, Господи, и сите Твои заповеди се вистина.
152. Одамна знам за твоите сведоштва, кои си ги утврдил засекогаш.
153. Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто не го заборавив Твојот закон.
154. Пресуди според мојата правда и заштити ме; заради словото Твое оживи ме.
155. Далеку е спасението од грешниците, зашто тие не ги побараа Твоите наредби.
156. Голема е Твојата милост, Господи, според Твојот суд оживи ме.
157. Многумина ме гонеа и мачеа, но од Твоите сведоштва јас не отстапив.
158. Видов неразумни и тешко ми беше, зашто словата Твои не ги запазија.
159. Гледаш како ги засакав заповедите Твои, оживи ме, Господи, поради Твојата милост.
160. Вистината е основа на Твоите слова; и вечен е секој суд на Твојата праведност.
161. Кнезовите ме гонеа без вина, но срцето мое се уплаши само од Твоите зборови.
162. Се радувам на Твоето слово, како оној кој нашол големо благо.
163. Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го засакав.
164. Седумпати на ден Те прославувам за судовите на Твојата правда.
165. Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна.
166. Го чекав спасението од Тебе, Господи, и Твоите заповеди ги засакав.
167. Душата моја ги пази Твоите сведоштва, и јас многу ги засакав.
168. Ги пазам Твоите заповеди и Твоите сведоштва, зашто сите мои патишта се пред Тебе, Господи.
169. нека се приближи пред Тебе молбата моја, Господи; вразуми ме според Твоите зборови.
170. Нека барањето мое дојде пред Тебе; избави ме според Твоето слово.
171. Од устата моја нека се произнесе похвала, кога ке ме научиш на Твоите наредби.
172. Јазикот мој нека ги разгласи Твоите зборови, зашто сите Твои заповеди се праведни.
173. Нека ми биде Твојата рака на спасение, зашто Твоите заповеди ги избрав.
174. Копнеев, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата поука.
175. Kе живее душата моја и ке Те слави; и Твоите судови нека ми помогнат.
176. Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги заборавив Твоите заповеди.

  Psalms (119/150)