Psalms (118/150)  

1. Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста Негова е вечна.
2. Нека каже сега домот Израилев дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
3. Нека рече сега домот Аронов: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
4. Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господа: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
5. Кога бев на мака, Го призвав Господа и ме услиши и на ширина ме изведе.
6. Господ е мој помошник, нема да се уплашам: што може да направи човек?
7. Господ ми е помошник: и јас слободно ке гледам на непријателите мои.
8. Подобро е да се надевам на Господа, отколку да се надевам на човек.
9. Подобро е да се надевама на Господа, отколку да се надеваме на кнезовите.
10. Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив;
11. ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив.
12. Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив.
13. Ме турнаа силно, за да паднам, но Господ ме прифати.
14. Господ е крепост моја и песна; Он стана мое спасение.
15. Глас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господа дава сила!
16. Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила.
17. Нема да умрам, но ке живеам и ке ги разгласувам делата Господови.
18. Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
19. Отворете ми ја вратата на правдата: ке влезам во неа, ке го прославувам Господа.
20. Ете, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа;
21. ке Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое.
22. Каменот, што го отфрлија sидарите, стана глава на аголот.
23. тоа е од Господа, и е прекрасно во очите наши.
24. Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
25. О, Господи, спаси! О, Господ, побрзај!
26. Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа! Ве благословуваме од домот Господов.
27. Бог е Господ и ни се јави; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот.
28. Бог мој си Ти и Тебе ке те славам; Бог мој си Ти и Тебе ке те превознесувам. Kе те прославувам, зашто Ти ме услиши и стана мое спасение.
29. Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста му е вечна.

  Psalms (118/150)