Psalms (116/150)  

1. Се радувам, дека Господ ке го услиши гласот на моето молење,
2. зашто го приклони кон мене Своето уво, и затоа ке Го призивам преку сите мои дни.
3. Смртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во невоља и мака.
4. Тогаш го повикав името Господово: О, Господи, избави ја душата моја!
5. Милостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог.
6. Господ ги пази слабите: бев во мака и Он ми помогна.
7. Врати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ добро ти прави,
8. бидејки душата моај ја истргна од смрт, очите мои - од солзи, и нозете мои - од сопнување.
9. Kе одам со благодарност пред лицето на Господа во земјата на живите.
10. Поверував и затоа реков: во голема мака сум.
11. Во мојата необмисленост си реков: секој човек е лажливец.
12. Што да му дадам на Господа за сите негови добрини што ми ги направи мене?
13. Kе земам чаша на спасение и името на Господа ке го призовам.
14. Заветите ке Му ги упатам на Господа пред целиот Негов народ.
15. Скапа е во очите на Господа смртта на неговите светии.
16. О, Господи, јас сум слуга Твој, јас сум слуга Твој и син на Твојата слугинка. Ти ги скрши моите окови.
17. Тебе ке ти принесам благодарствена жртва;
18. ке ги исполнам заветите мои на Господа пред сиот Негов народ.
19. Во предворјето на домот Господов, посреде тебе, Ерусалиме!

  Psalms (116/150)