Psalms (115/150)  

1. Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина,
2. да не речат незнабожците: "Па каде е нивниот Бог?"
3. Нашиот Бог е горе на небото; на небесата и на земјата врши се, што сака.
4. А идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на човечки раце:
5. уста имаат а не зборуваат, очи имаат но не гледаат;
6. имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат;
7. раце имаат, но не пипаат; нозе имаат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое.
8. Слични на нив нека бидат оние што ги прават, такви и оние што се надеваат на нив.
9. Доме Израилев, надевај се на Господа; Он е наш помошник и заштитник.
10. Доме Аронов, надевај се на Господа; Он е наш помошник и заштитник.
11. Оние кои се бојат од Господа, се надеваат на Господа; он е нивни помошник и заштитник.
12. Господ се секава на нас и не благословил, го благословил домот Израилев, го благословил домот Аронов,
13. ги благословил оние, кои се бојат од Господа, мали и големи.
14. Нека ви придаде Господ вам повеке, вам и на вашите деца.
15. Благословени да сте од Господа, Кој го создаде небото и земјата.
16. Небото е Господово небо, а земјата Он им ја даде на синовите човечки.
17. Не мртвите ке Те слават, Господи, ниту оние, што слегуваат во ад,
18. туку ние живите ке го благословуваме Господа отсега и засекогаш.

  Psalms (115/150)