Psalms (114/150)  

1. Кога Израилот излезе од Египет, домот Јаковов - од ту народ,
2. Јудеја стана Божјо светилиште, Израилот област Негова.
3. Морето виде и избега; Јордан се врати назад.
4. Горите се разиграа како овни, и ритчињата - како јаганца.
5. Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се вракаш?
6. Зашто се разигравте, гори, како овни, и вие, ритчиња, како јаганца?
7. Трепери земјата пред лицето на Господа, пред лицето на Бога Јаковов,
8. Кој камен претвора во водно езеро и карпа - во воден извор.

  Psalms (114/150)