Psalms (113/150)  

1. Фалете Го, слуги Господови, фалете го името на Господа.
2. Нека е благословено името Господово отсекогаш и засекогаш.
3. Од исток до запад нека се прославува името на Господа.
4. Возвишен е над сите народи Господ; Неговата слава е над небесата.
5. Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој живее во висините,
6. и Кој со смиреност гледа на небото и на земјата;
7. Кој од прав го издига сиромавиот и од калта го вади бедниот,
8. за да го постави со кнезовите, со кнезовите на народот негов.
9. Кој неплодната ја вселува в куки како мајка, што се радува ме у многуте деца.

  Psalms (113/150)