Psalms (112/150)  

1. Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди.
2. Неговото потомство ке биде силно на земјата; родот на праведните ке биде благословен.
3. Слава и богатство ке има во неговиот дом; и правдата негова ке преуспева вечно.
4. На праведните во темнина им изгрева светлина од Добриот и Милостивиот.
5. Добриот човек е дарежлив и на заем дава; во судот тој уверливо ке ги потврди зборовите свои;
6. и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен.
7. Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева во Господа.
8. Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога - годе ке погледне во напријателите свои.
9. Тој растура, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ке се возвиши во слава.
10. Грешниот, кога ке го види тоа, ке се јадосува, ке крцка со забите свои и ке се топи. Желбата на грешникот пропа а.

  Psalms (112/150)