Psalms (111/150)  

1. Kе Те славам, Господи, од се срце во советот на праведните и во собранието.
2. Големи се делата на Господа, кои се создадени по Неговата воља.
3. Неговото дело е слава и великолепие, а правдата Негова вечно ке постои.
4. Незаборавни ги направи чудесата Свои, милостив и штедар е Господ.
5. Им дава храна на оние, кои се бојат од Него; вечно го помни заветот Свој.
6. Силата на делата свои му ја покажа на Својот народ, за да му ги даде незнабожците во наследство.
7. Делата на рацете Негови се вистина и суд; и верни се сите заповеди Негови,
8. утврдени засекогаш, засновани врз вистина и правда.
9. Он му испрати избавување на Својот народ; засекогаш го установи Својот завет. Свето е и страшно името Негово.
10. Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно.

  Psalms (111/150)