Psalms (11/150)  

1. На Господа се надевам, зошто да и речете на душата моја: "Одлетај во гората своја како птица?"
2. Но ете грешниците, го затегнаа лакот, ја притегнаа стрелата своја на тетивата, па од мрак да стрелаат на чистите по срце.
3. Ти што си направил, тие го разрушија; што може праведникот да прави? Господ е во својот свет храм.
4. Господ е на престолот небесни; очите Негови гледаат на сиромавиот, ве ите Негови ги испитуваат синовите човечки.
5. Господ го испитува праведникот, а безбожникот, и оној што сака неправда, ја мрази душата своја.
6. На грешниците ке пушти дожд од разгорен јаглен, оган и сулфур, а силен ветар ке им биде дел во чашата нивна.
7. Зашто Господ е праведен, ја сака правдата: лицето Негово ке го гледаат праведниците.

  Psalms (11/150)