Psalms (109/150)  

1. Боже, похвало моја, не премолчувај,
2. зашто против мене се отворени грешни и лукави усти; зборуваат со лажлив јазик против мене;
3. отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина се собираат против мене;
4. место да ме сакаат, тие стануваат против мене, а јас се молев;
5. ми вракаат зло за добро, омраза - за љубов.
6. Постави над него грешник, и аволот да застане десно од него.
7. Кога ке му се суди, нека биде осуден, и молитвата негова да се прими за грев;
8. дните негови да бидат кратки, а неговото достоинство друг да го земе;
9. децата негови да останат сираци, а жената му - вдовица;
10. децата негови да скитаат и да стана просјаци, изгонети надвор од своите домови.
11. заемодавецот да му земе се што има, и ту инци да го разграбаат трудот негов;
12. нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови;
13. потомството негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род;
14. да биде спомнато пред Господа безаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти;
15. тие секогаш да бидат пред очите на Господа, и да се избрише споменот нивни на земјата.
16. Зашто не помислил да прави милостиња, туку ги гонеше бедните, сиромасите смирените по срце, за да ги уништи;
17. засакал клетва, - па таа нека го постигне: не посакал благослов, - тој нека се оддалечи од него;
18. нека се облече во клетва како во облека; и таа нека влезе во него како вода, и како елеј - во неговите коски;
19. та да му биде како облека, во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува.
20. Таква нека биде отплатата од Господа на оние што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја.
21. А мене, Господи, Господи, заштити ме заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме,
22. оти сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е збунето.
23. Исчезнував како сенка што се оддалечува; ме гонат како скакулец.
24. Колената ми изнемоштија од пост, а телото мое поради недостиг од масло.
25. Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со главите свои.
26. Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојатао милост.
27. и да разберат дека е тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го направил тоа.
28. Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува.
29. Нека се облечат во бесчестие противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам,
30. и јас со устата моја многу ке го славам Господа и ме у мнозина ке Го прославувам,
31. зашто застана од мојата десна страна. За да ја спаси мојата душа од оние што ме гонат.

  Psalms (109/150)