Psalms (108/150)  

1. Подготвено е срцето мое, Боже, подготвено е срцето мое; ке пеам и ке воспевам во славата своја.
2. Разбудете се, псалтиру и гусле! Kе станам рано.
3. Kе Те славам, Господи, ме у народите; ке Те воспевам ме у племињата,
4. зашто повисока од небото е Твојата милост, и до облаците е Твојата вистина.
5. Издигни се над небесата Боже, и славата Твоја нека биде по целата земја,
6. за да се избават Твоите возљубени; спаси ме со Твојата десница и услиши ме.
7. Бог рече во своето светилиште: "Kе се вознесам и ке го разделам Сихем и ке ја измерам долината Сокхот;
8. Мој е Галад, Мој е Манасија, Ефрем е застапник на главата Моја, Јуда е Мој цар;
9. Моав Ми е чаша на Мојата надеж, врз Едом ке ја испружам обувката Своја, другоплемениците Ми се покорија.
10. Кој ке ме воведе во укрепениот град? Кој ке ме доведе до Едом?
11. Зар не си Ти, Боже, Кој не отфрли и не излегуваш, Боже, со нашите војски?
12. Дај ни помош да се избавиме од маката, зашто човечката заштита е суетна.
13. Во Бога ке имаме сила; Он ке ги скрши непријателите наши.

  Psalms (108/150)