Psalms (107/150)  

1. Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова!
2. Така да велат избавените од Господа, оние што ги избавил од непријателска рака.
3. И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето.
4. Тие скитаа по безводната пустиња и нигде пат ниту населен град не најдоа;
5. трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив,
6. но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Он ги избави од нивните невољи
7. и го поведе по правиот пат, за да одат кон населен град.
8. Нека Го слават Господа за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки:
9. зашто Он ја насити гладната душа, и душата гладна ја исполни со блага.
10. Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо;
11. бидејки не се покорија на зборовите Божји и се притивеа на вољата на Севишниот.
12. Он го понизи нивното срце во мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне.
13. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од маките нивни;
14. ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни,
15. Нека го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки,
16. зашто Он ги здроби бакарните порти и ги скриши железните резиња.
17. Неразумните страдаа поради своите лоши патишта и поради неправдите свои!
18. Од секоја храна им се одвракаше душата, и се приближија до вратата на смртта.
19. Но во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од невољите нивни;
20. го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст.
21. Нека Го прославуват Господа за милоста Негова спрема синовите човечки!
22. Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.
23. Оние што тргнуваат по море на кораби, што имаат работа по големите води -
24. тие ги гледаат делата на Господа и чудесата Негови во длабочините.
25. Он рече - и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови;
26. се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во невољата;
27. тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им исчезнува.
28. Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господа, и Он ги изведе од маките нивни.
29. И и заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа.
30. Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Он ги упати кон нивното сакано пристаниште.
31. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки!
32. Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините!
33. Он создава реки во пустиња, и водни извори - на суви места,
34. земја плодородна - во солница, поради злобата на оние што живеат во неа.
35. Он превори пустиња во езеро, а сува земја - во земја - со водни извори;
36. таму насели гладни, а тие изградија град за живеење;
37. засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови.
38. Он ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивни Он не им го намалуваше.
39. Тие беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од невољата.
40. Он изли бесчестие над кнезовите и ги остави да скитаат по пустињата, каде што нема патишта.
41. Но бедниот го извлекува од сиромаштија, го умножува родот негов како овчо стадо.
42. Праведните го гледаат тоа и се радуваат, а секоја нечесност си ја затвора устата своја.
43. Кој е мудар и го пази ова, ке ја разбере милоста Господова.

  Psalms (107/150)