Psalms (106/150)  

1. Славете Го Господа, зашто е благ, зашто Неговата милост е вечна.
2. Кој ке ја искаже силата на Господа, кој ке ја извести сета похвала Негова?
3. Блажени се оние што го чуваат законот и вршат правда во секое време.
4. Сети се на нас, Господи, во благоволението Свое кон Твојот народ; посети не со Твоето спасение,
5. за да ги видиме во добрини Твоите избраници, за да се развеселат со веселбата на Твојот народ, за да се пофалат заедно со Твоето наследство.
6. Згрешивме ние со татковците наши, правевме беззаконија, вршевме неправда.
7. Нашите татковци во Египет не ги разбраа Твоите чудеса, не ги помнеа многуте милост Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море.
8. Но Он ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја.
9. Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните како по пустиња;
10. и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на непријателите.
11. Водите ги покрија нивните непријатели; не остана ниеден од нив.
12. И тие поверуваа на зборовите Негови и Му испеаја похвала.
13. Но побрзаа, ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото решение;
14. се занесоа од похотливоста во пустињата, па Го искушуваа Бога во безводната земја.
15. Он го исполни нивното барање, он прати пораз за душите нивни.
16. Му позавидоа на Мојсеја во логорот и на Арона, светецот Господов.
17. Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината Авиронова.
18. И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори грешниците.
19. Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот.
20. Ја заменија својата слава со образ на теле, што јаде трева.
21. Го заборавија Бога, својот Спасител, Кој изврши големи дела во Египет,
22. чудесни во Хамовата земја, страшни при Црвеното Море.
23. И рече дека ке ги истреби, но Мојсеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја отстрани јароста Негова, та да не ги погуби.
24. Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов;
25. и роптаа во шаторите свои, не го слушаа гласот Господов.
26. Он крена рака против нив, за да ги погуби во пустињата,
27. да го расее нивното семе ме у народите и да ги растури по земјите.
28. Тие се придружија кон Ваал - Фегор и јадеа жртви, принесувани на бездушните,
29. Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел.
30. Но стана Финес и Го умилостиви и поморот престана.
31. И тоа му се прими за правда од род во род довека.
32. И Го разгневија Бога при водите на расправија, кај Мерива, и Мојсеј настрада заради нив,
33. зашто тие го преогорчија духот негов, и тој згреши со устата своја.
34. Не ги истребија народите, за кои им беше рекол Господ,
35. туку се смешаа со незнабожците и свикнаа на нивните дела;
36. им служеа за нивните идоли, а тоа беше соблазна за нив,
37. и ги жртвуваа синовите свои и керките свои на бесовите;
38. и приливаа невина крв, крвта на синовите свои и на керките свои, што им ги жртвуваа на ханаските идоли, за земјата се извалка од таа крв;
39. се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои.
40. Се разгоре гневот на Господа против Неговиот народ, и Му омрзна налседството Негово,
41. па ги предаде во рацете на непријателите и завладеаја над нив оние што ги мразеа.
42. Непријателите нивни ги притеснуваа, и тие се смируваа под нивната рака.
43. Многупати ги избавуваше, но тие Го лутеа со упорноста своја, па беа понижувани поради своите беззаконија.
44. Но Он погледна на нивната жалост, кога ги слушаше нивните молби,
45. си спомна на Својот завет со нив, се сожали поради големата милост Своја;
46. па разбуди сострадание спрема нив кај оние што ги беа заробиле.
47. "Спаси не, Господи, Боже наш, и собери не од незнабожците, за да го славиме Твоето свето име, да се фалиме со Твојата слава!
48. Нека е благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш досекогаш! И сите лу е нека велат: Амин! Амин! Алилуја.

  Psalms (106/150)