Psalms (103/150)  

1. Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име.
2. Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној,
3. Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;
4. Кој го избавува од распа ање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.
5. Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ке се обновува твојата младост.
6. Господ им дава милост и суд на сите онеправдани.
7. Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови - барањата Свои.
8. Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;
9. Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
10. Оне не ни направи ништо според нашите безааконија и не постапи според нашите гревови;
11. зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него;
12. колку е далику исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија;
13. како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
14. Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека сме земја.
15. Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој;
16. ке дувне ли над него ветар, и веке го нема, и местото веке нема да се познава
17. А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него,
18. и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат.
19. Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се.
20. Благословувајте Го Господа - сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар, слушајки го гласот од зборот Негов;
21. благословувајте Го Господа - сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате вољата Негова;
22. благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!

  Psalms (103/150)