Psalms (102/150)  

1. Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе!
2. Не одвракај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во деност, кога Те повикувам, услиши ме бргу,
3. зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои се исушија како суварки;
4. попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавив и лебот свој да го јадам;
5. од гласот на моите воздишки коските ми се залепија за телото мое.
6. Заприлегав на несит во пустиња; станав како був во урнатини;
7. не спиев, седев како самотна птица на покрив.
8. Секој ден ме навредуваа непријателите мои, и фалејки се, ме проколнуваа.
9. Јадев пепел како леб и пијалокот свој со солзи го растворав.
10. Поради гневот и јароста од лицето Твое бев воздигнат и соборен.
11. Дните мои исчезнуваа како сенка и јас се исушив како сено.
12. А Ти, Господи, вечно пребиваш; и споменот за Тебе е од род во род.
13. Кога ке станеш, ке се смилуваш на Сион, зашто време е да се смилуваш на него - зашто дојде времето;
14. бидејки на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат.
15. Незнабожците ке се заплашат од името на Господа, а сите земни цареви - од Твојата слава.
16. Зашто Господ ке го изгради Сион и ке се појави во славата Своја;
17. ке погледне милостиво на молитвите од беспомошните и нема да ги презре молибите нивни.
18. Нека се запише ова за следниот род, и идното поколение што ке Го слави Господа,
19. зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на земјата,
20. за да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи синовите од смртта,
21. за да го разгласат името Господово на Сион и похвалата Негова во Ерусалим,
22. кога ке се соберат народите и царствата заедно да му служат на Господа.
23. Он ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ме извести дека ги скратува дните мои.
24. Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои. Твоите години се од род во род.
25. Во почетокот Ти, Господи, ја основа земјата, небесата се дело на Твоите раце;
26. тие ке пропаднат, а Ти ке пребиваш; сите тие - како облека ке оветвеат, и како наметка Ти ке ги свиткаш, и ке се изменат;
27. но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат.
28. Синоивте на Твоите слуги ке се веселат и потомството нивно ке се зацврсти за навек.

  Psalms (102/150)