Psalms (101/150)  

1. Со песна ке го прославам милоста и судот, Господи.
2. Kе Ти пеам и ке размислувам за патот непорочен: кога ке ми пријдеш? Среде мојот дом одев со чисто срце.
3. Не ставив пред очите мои ништо незаконски; престапите ги мразам.
4. Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакав да знам.
5. Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам; со оној, што е со горделиви очи и ненаситно срце, не јадев.
6. Очите ми се управени кон верниците на земјата, за да седат со мене; кој одеше по патот непорочен, тој ми служеше.
7. Не живееше во мојот дом оној, кој гордо постапува; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои.
8. Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите, што вршат беззаконие.

  Psalms (101/150)