Psalms (100/150)  

1. Воскликни Му на Господа, цела земјо!
2. Служете Му на Господа со радост; излегувајте пред Него со восклик!
3. Знајте дека е Господ, дека е Он Бог наш, дека Он не создаде нас, а не ние самите; Негови сме - Негов народ и овци од Неговото пасиште.
4. Влегувајте низ Неговите порти со славословие, во Неговите дворови со песна; славете Го, фалете го името Негово,
5. зашто благ е Господ: Неговата милост е вечна и Неговата вистина е од род во род.

  Psalms (100/150)