Psalms (10/150)  

1. Зошто Господи се оддалечуваш и не сакаш на неволните во право време да им помогнеш?
2. Кога нечесниот се разбесува, ги мачи бедните бездушно, и тие па аат во замките негови.
3. Бидејки грешникот се гордее со желбата на душата своја и одбива да биде благословен.
4. Грешникот го дразни Господа, за многуте негови гревови, вели, дека Он не истражува: нема Бог пред него.
5. Патиштата негови се секогаш криви, а судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, и така над непријателите се гордее.
6. И во срцето свое си вели: нема да минувам од род во род без зло.
7. Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов тежина и пропаст.
8. Седи во заседа со богати, потајно убива невини, очите негови демнат бедни.
9. Седи скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ке фати, го сплетува во својата мрежа.
10. Се смирува, прилегнува и тогаш бедниот па а совладан.
11. па вели во срцето свое: Бог заборавил, го свртел лицето свое за да не го види крајот.
12. Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Тавоја, не ги заборавај за секогаш бедните Твои.
13. Зошто безбожникот Го разгневува Бога, зошто во срцето свое да вели - Бог не изпитува?
14. Но ти гледаш, оти ги забележуваш маките и навредите на бедниот; бедниот Тебе Ти се предава, Тебе Ти се остава сиромавиот и сиракот; биди им помошник.
15. Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; па да се бара и да не се најде безбожноста негова.
16. Господ е вечен цар, во сите времиња; ке ги снема народите од земјата Негова.
17. Господи, Ти ги слушаш желбите на бедните; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое!
18. Дај правда на сиракот и на смирениот, па да престане човекот на земјата да задава страв.

  Psalms (10/150)