Psalms (1/150)  

1. Блажен е оној, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници,
2. па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноке се поучува;
3. тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во се што прави, напредува.
4. Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата.
5. Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците - во соборот на преведниците.
6. Зашто Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел.

      Psalms (1/150)