Proverbs (9/31)  

1. Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,
2. ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;
3. ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:
4. "Кој е неразумен, да наврати тука!" И на малоумните таа им рече:
5. "Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;
6. оставете ја неразумноста, и ке живеете; одете по патот на разумот."
7. Кој поучува бесрамник, ке си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот - дамка.
8. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ке те засака.
9. Дај му совет на мудриот, и тој ке биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеке ке напредне во знаењето.
10. Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум;
11. зашто преку мене ке ти се умножат дните, и ке ти се додадат години на животот.
12. Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ке страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозја и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност.
13. Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,
14. седнува пред кукната врата на стол, по високите места на градот,
15. за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:
16. "Кој е глупав, нека наврати тука", а на малоумните им вели:
17. "Крадена вода е слатка, и сокриен леб е - пријатен."
18. И тој не знае дека поканетите од неа родени на земајта умираат, и дека се во дното на пеколот. Но ти оттргни се, не задржувај се на тоа место, не запирај го погледот свој на неа; зашто само така ке минеш преку ту а река. Бегај од ту а вода и не пиј од ту извор, за да поживееш многу време и да ти се додадат години на животот.

  Proverbs (9/31)