Proverbs (8/31)  

1. Нели мудроста вика? И нели разумот го издига гласот свој?
2. Мудроста застанува на високи места, крај патот, на раскрсници;
3. таа вика пред портите при влезот во градот, при велзот на вратата силно извикува:
4. "Кон вас, лу е, викам, и кон синовите човечки е мојот глас!
5. Научете се, неразумни, на благоразумие, и безумни, - на разум.
6. Слушајте, бидејки ке говорам важни работи, и устата моја ке изрече правда;
7. зашто јазикот мој ке ја изговори вистината; лажливата уста одвратна е за мене.
8. Сите зборови на устата моја се справедливи; во нив нема ни подмолност, ни лукавство;
9. сите тие се јасни за разумниот и справедливи за оние, што се здобиле со знаење.
10. Примете го учењето мое, а не сребро; подобро знаење, отколку најдобро злато;
11. зашто мудроста е подобра од бисер, и ништо, од она што е скапоцено, не може да се спореди со неа.
12. Јас, премудроста, живеам со разумот и барам ресудувачко знаење.
13. Стравот Господов ја мрази неправдата; ја мрази гордоста и восокомерноста, лошиот пат и подмолната уста.
14. Мои се советот и разумноста; јас сум разум, во мене е силата.
15. Преку мене цареви царуваат, и заповедници правда озаконуваат;
16. преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни.
17. Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои Ме бараат, ке најдат добрина;
18. во Мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата;
19. плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеке отколку од најчисто сребро.
20. Јас одам по патот на правдата, по патеките на правосудството,
21. за да им доставувам вистинско добро на оние, што ме сакаат, нивните ризници ги полнам. Кога го објавувам она, што станува секојдневно, нема да заборавам да го спомнам и она, што е од секогаш.
22. Господ ме создаде за почеток на Својот пат, на Своите творби,
23. ме создаде уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
24. Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.
25. Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите,
26. кога Господ уште не беше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
27. Кога Он го приготвуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше престолот Свој врз ветровите,
28. кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната,
29. кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брани, кога ги полнеше основите на земјата, -
30. јас бев при Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејки се пред лицето Негово за сето време,
31. веселејки се на Неговиот земен круг, и радоста моја беше со синовите човечки.
32. И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта!
33. Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа.
34. Блажен е оној човек, кој ме слуша, станувајки бодар секој ден при портите мои и стоејки на стража при вратата моја!
35. Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ке добие благодат од Господа;
36. а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта."

  Proverbs (8/31)