Proverbs (7/31)  

1. Синко, пази ги зборовите мои, и сокриј ги во тебе заповедите мои. Синко, почитувај Го Господа, - и ке се зацврстиш и, освен од Него, не се плаши од никого.
2. Пази ги заповедите мои, и ке живееш; пази го и учењето мое, како зеницата на очите свои.
3. Врзи ги на прстите свои, напиши ги на плочите од срцето свое.
4. Кажи и на мудроста: "Ти си ми сестра!" - и наречи го разумот твој роднина,
5. за да те пазат од жената на друг, од ту а, која ги засладува зборовите свои.
6. Ете, еднаш гледав од прозорецот на куката моја, низ мојата решетка,
7. и видов ме у неискусните, забележав ме у младите едно неразумно момче,
8. кое минуваше преку плоштадот близу до нејзиниот агол и кое одеше по патот кон нејзината кука,
9. квечерина кога се стемнуваше, во нокната темнина и во мракот.
10. И ете, во пресрет му доа а жена, наконтена како блудница, со подмолно срце,
11. зборлива и нескротлива, нозете нејзини не се запираат в куки:
12. де на улицата, де по плоштадите и на секој агол поставува стапици.
13. Таа го зграпчи, го бакна и со бесрамно лице му зборуваше:
14. "Мирна жртва имам денес: денес го исполнив планот свој;
15. затоа и излегов да те пресретнам, за да те побарам, и те најдов;
16. со килими го украсив леглото свое, со разнобојни покривки египетски;
17. леглото свое го попрскав со смирна, алој и дарчин;
18. дојди, ке се насладуваме со љубовта дури до зори, дојди да се радуваме во милување,
19. зашто маж ми не е дома: тој замина на долг пат;
20. една кеса сребро зеде со себеси; ке си дојде дома кон полната месечина."
21. Со многу ласкави зборови таа го привлече, со меката уста своја го овладеа.
22. Тој веднаш тргна по неа, како што вол оди на колење и како куче - на верига, како елен - на истрел,
23. додека стрела не му го пробие црниот дроб, како птичка што се фрла во стапица, а не знае дека е таа за нејзина погибел.
24. И затоа, синко, послушај ме и внимавај на зборовите од устата моја.
25. Да не скршнува срцето твое по нејзиниот пат, да не талка по патеките нејзини,
26. зашто таа многумина смртно ранила, и многумина јунаци таа убила.
27. Нејзиниот дом е пат кон пеколот, кој води во внатрешните живеалишта на смртта.

  Proverbs (7/31)