Proverbs (6/31)  

1. Синко, ако си зел одговорност за твојот ближен и си ја дал раката своја за друг,
2. ти си се врзал со зборовите на устата своја, фатен си со зборовите на својата уста.
3. Затоа направи, синко еве што, за да се избавиш, бидејки, си паднал во рацете на својот ближен: оди, падни пред нозете на блискиот свој и моли го;
4. не им давај сон на очите твои и дремна на клепките свои,
5. спасувај се како срна од стапица и како птица од мрежа.
6. Оди кај мравката, мрзливче, види ја нејзината работа и биди мудар.
7. Таа нема ниту началник, ни настојник, ниту заповедник;
8. но ја приготвува храната лете, ја собира во време на жетва храната своја. Или оди кај пчелата и види, колку е трудољубива, каква пофална работа врши; трудот нејзин го употребуваат за здравје и царевите и обичните лу е; неа сите ја сакаат, и таа е славна; иако по силата е слаба, но по мудроста е почитувана.
9. До кога, мрзливче ке спиеш? Кога од сонот ке станеш?
10. малку ке поспиеш, малку ке подремеш, малку со скрстени раце ке полежиш:
11. и ке дојде сиромаштијата твоја како патник, и немаштијата твоја како разбојник. Ако, пак, не бидеш мрзелив, жетвата твоја ке дојде како извор, а скудноста ке избега далеку од тебе.
12. Човек лукав, човек нечестив со лажлива уста,
13. намигнува со очите, говори со нозете, дава знаци со прстите,
14. во срцето негово има подмолност: тој мисли зло во секое време, сее раздори.
15. Затоа ненадејно ке дојде неговата пропаст, наеднаш ке биде сотрен - без излекување.
16. Еве шест работи, кои Господ ги мрази - дури седум, што му се одвратни на душата Негова:
17. очи горделиви, јазик лажлив и раце, што пролеваат невина крв,
18. срце кои крои лоши планови, нозе, кои брзо трчаат кон зло,
19. лажен сведок, кој измислува лаги, и оној, што сее раздор ме у брака.
20. Синко, пази ја заповедта на татка си и не отфрлај поуката на мајката своја;
21. врзи ги засекогаш за срцето свое, врзи ги околу вратот свој.
22. Ако тргнеш, тие ке те раководат; ако легнеш да спиеш, ке те пазат, ако се разбудиш, ке разговараат со тебе;
23. зашто заповедта е светило, и поуката - светлина, а опомената - пат кон животот,
24. за да те пазат од расипана жена, од ласкав јазик на ту а.
25. Не ја посакувај убавината нејзина во срцето свое, за да не бидеш уловен преку очите свои и да не те вовлече со трепките свои,
26. зашто поради жена блудница човекот па а до корка леб, а жена прељубодејка уловува многу чесна душа.
27. Може ли некој да носи оган во гради, а да не се запали облеката негова?
28. Може ли некој да оди по вжарени јаглења, а да не ги изгори нозете свои?
29. Истото тоа станува и со оној, кој влегува кај жена на ближниот свој; кој и ке се допре до неа, нема да остане без вина.
30. Не му проштеваат на крадецот, ако краде за да си ја насити душата, кога е гладен;
31. ако го фатат, тој плака седумпати повеке, го дава целиот свој имот.
32. Кој, пак, врши прељуба со прељубница, тој нема ум; си ја погубива душата своја, оној што врши тоа;
33. биење и срам ке најде тој, и бесчестието негово нема да се избрише,
34. зашто љубомората е јарост на мажот, и во денот на одмаздата своја - тој не ке знае за милост,
35. нема да прими никаков откуп и нема да се задоволи ни со многу подароци.

  Proverbs (6/31)