Proverbs (5/31)  

1. Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборовите мои,
2. за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето; не и обрнувај внимание на лошата жена,
3. зашто мед тече од устата на блудница, и нејзиниот збор е помек од елејот;
4. но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две сечива;
5. нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеколот.
6. Таа не оди по патот на животот, патиштата нејзини се непостојани, таа не е разумна.
7. Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите Мои.
8. Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куката нејзина,
9. за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител;
10. за да не се наситуваат ту инците од твојата сила, и трудовите твои да не бидат за ту а кука,
11. за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ке бидат истоштени, -
12. оти потоа ке речеш: "Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето,
13. зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа?
14. За малку ке паднев во секакво зло среде собранието и општеството!"
15. Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец.
16. Нека не се разлеваат твоите извори по улицата, водните потоци - по плоштадите;
17. нека ти припа аат тие само тебе, а не и на ту инци.
18. Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост,
19. Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано;
20. и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на ту а?
21. Оти патиштата на човекот се пред очите на Господа, и Он ги гледа сите патеки негови.
22. Беззаконикот го факаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат:
23. тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува.

  Proverbs (5/31)