Proverbs (4/31)  

1. Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте, та да се научите да ја разбирате,
2. зашто добар дар ви дарувам; не оставајте ја мојата заповед.
3. Зашто и јас бев син послушен на татка ми, и омилен на мајка ми;
4. и татко ми ме поучуваше и ми велеше: "Зборовите мои задржи ги во срцето твое; пази ги моите заповеди и не заборавај ги!
5. Здобивај се со мудрост, придобивај разум; не заборавај го тоа и не се отстранувај од зборовите на устата моја.
6. Не ја оставај, - и таа ке те пази, сакај ја, - и таа ке те чува.
7. Главно е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност.
8. Високо цени ја, и таа ке те воздигне; таа ке те прослави, ако ја прегрнеш,
9. ке положи на главата твоја багодатен венец, со венец на сладост ке те закрили.
10. Слушај, синко, и прими ги зборовите мои, - и ке ти се умножат годините на животот.
11. Ти го покажувам патот на мудроста, те водам по прави патеки.
12. Ако одиш, нозете твои нема да се сопнат, и ако потрчаш, нема да се измориш.
13. Држи се здраво за поуката, не ја оставај; пази ја, бидејки таа е твојот живот.
14. Не оди на пат безбожнички и не оди по патот на лоши лу е;
15. остави го, не оди по него, отстрани се од него и заобиколи го;
16. зашто тие не заспиваат, ако не направат зло; и сон не ги фака, ако не доведат некого до пад;
17. оти тие јадат леб од беззаконие и се опиваат со вино од грабеж.
18. Патеката на праведните е како болскава светлина, која свети се повеке и повеке дури не настане ден.
19. А патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ке се сопнат.
20. Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои;
21. да не остапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свои:
22. зашто тие се живот за оние што ги нао аат, и здравје за целото тело нивно.
23. Од се, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свео, зашто од него се изворите на животот.
24. Отфрли ја од себеси лажливата уста, а лукавството на јазикот од себеси оддалечи го.
25. Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени кон праведното.
26. Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат прави.
27. Не скршнувај ни десно, ни лево; оддалечи ја ногата од злото.

  Proverbs (4/31)