Proverbs (31/31)    

1. Зборовите на царот Лемуил, со кои го поучила неговата мајка.
2. Што, што сине на утробата моја? Тебе ти говорам, сине мој, првенец, чедо на моите молитви.
3. Не им го давај на жени татковството свое, ниту патиштата на оние од нив, кои цареви погубуваат. Светувај се пред на направиш нешто.
4. Не е за царевите, Лемуиле, не е за царевите вино да пијат, ниту за кензовите - сикер,
5. за да не го заборават, откако ке се опијат, законот и да ја искривуваат правдината на угнетените.
6. Дајте му сикре на оној што е ожалостен; вино нека пијат оние што се болни.
7. нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствуваат веке болките свои.
8. Синко, отворај ја устата своја за слава Божја и на сите суди им по правда.
9. Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немокниот.
10. Кој ке најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења.
11. Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка;
12. таа ке му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
13. Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои.
14. Таа е како трговски кораб, - оддалеку си донесува храна.
15. Таа станува уште преку нокта и дава храна во куката своја и им определува работа на слугинките свои.
16. Kе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
17. Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа.
18. Таа гледа колку е добро што работи, и светилката нејзина не се гасне ноке.
19. Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се факаат за вретеното.
20. Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.
21. Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
22. Таа си ткае покривачи; он висон и пурпур е нејзината облека.
23. Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата.
24. Таа работи покривки и ги продава, на Финикијците и појаси на Хананејците.
25. Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.
26. Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.
27. Го надгледува домакинството свое и не јаде леб во леност.
28. Стануваат децата и ја ублажуваат, - мажот, и тој ја фали:
29. ‘многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.‘
30. Миловидноста е примамлива и убавината - суетна; но жена, која се плаши од Господа, е достојна за пофалба.
31. Дајте и од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува при мажот нејзин, при градските порти!

  Proverbs (31/31)