Proverbs (30/31)  

1. Зборовите на Агура, син Јакеов, од Маса; негово пророштво, кажано на Итила, за Итила и Укала.
2. Навистина, јас сум понеук од кого и да било ме у лу ето, и во мене нема разум човечки,
3. Бог ме научи на премудрост и ја разбрав разумноста на светиите.
4. Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрав ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли?
5. Секој збор од Бога е чист; Он му е штит на оној, што се надева на Него.
6. Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.
7. За две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам:
8. суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, - храни ме со насушниот леб,
9. та, откако ке се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: ‘Кој е Господ‘ и, откако ке осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребува името на мојот Бог напразно.
10. Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен.
11. Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!
12. Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои.
13. Лошото чедо високот ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!
14. Лошото чедо има заби како мечеви, а катниците негови се како ножеви, за да ги изедува сиромасите по земјата и немокните ме у лу ето.
15. Пијавицата има две керки кои велат "Дај, дај!" Има три работи ненаситни и четири што не велат "Доволно."
16. Тое се: пеколот и утробата неплодна, земјата, која не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: ‘доста‘!
17. Око, кое му се потсмева на татка си и не сака да се покорува на мајка си, кое ке биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено!
18. Тир работи се недостижни за мене, а четвртата, не ја ни разбирам:
19. патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, патеките на коработ среде море и патот на маж во младоста негова.
20. Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата своја, па вели: ‘ништо лошо не сум направила.‘
21. Од три работи се тресе земјата, а четвртата не може да ја поднесе:
22. од слуга, кога ке стане цар; од безумен, кога до наситување ке се најаде со храна,
23. од распуштена жена, кога ке се омажи, и од слугинка, кога го зазема местото на господарката своја.
24. Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од мудреците:
25. мравките - во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната;
26. јазовците - иако слаби животни, но ги прават куките свои во камен;
27. скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови;
28. пајакот, кој со раце се лови, но се нао а и во царските палати.
29. Еве три, коишто убаво чекорат, и четвриот, кој свечено настапува:
30. лавот, најсилен ме у sверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого;
31. и петелот кој надуено шета ме у кокошките; како царот ме у својот народ.
32. Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја.
33. Зашто, како кога се бие млеко, се добива масло, кога ке се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга.

  Proverbs (30/31)