Proverbs (3/31)  

1. Синко, не ја заборавај поуката Моја и срцето твое да ги чува заповедите Мои;
2. зашто тие ке ти придадат долги дни, години на живот и мир.
3. Милостиња и верата да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги на плочите на срцето свое, -
4. па ке најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на лу ето.
5. Надевај се на Господа од се срце и не се потпирај врз твојот разум.
6. По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ке ти ги покаже твоите патеки.
7. Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото:
8. тоа ке биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски.
9. Давај му принос на Господа од имотот твој и од привините на плодовите од твоите придобивки,
10. та твоите житници да се исполнат до врвот, твоите бочви да се прелеваат од вино.
11. Не занемарувај ја, синко, казната од Господа, и да не ти е тешко од Неговото изобличување;
12. зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби.
13. Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум;
14. подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато;
15. таа е поскапа и од скапоцените камења; ни едно зло не може да и се спротивстави; таа им е добро позната на сите, што се приближуваат кон неа, ништо, па и се што ти е мило, не може да се спореди со неа.
16. Во десницата нејзина е долгоденствието, а во левицата и е - богатството и честа; од устата и излегува правда; закон и милост носи на јазикот свој;
17. патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се - спокојни.
18. таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои ја запазуваат.
19. Господ со премудрост ја основа земјата, со разум ги утврди небесата;
20. преку Неговата премудрост се отворија бездните, и облаците оросија со роса.
21. Синко, не ги испуштај од превид овие, работи; запази ја мудроста и разумот;
22. тие ке бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; ке бидат изцеление за твоето тело и лек за твоите коски.
23. Тогаш ке одиш без опаснот по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне.
24. Коге ке легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ке заспиеш, сонот ке ти биде пријатен.
25. Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доа а од безбожниците,
26. бидејки Господ ке биде на сите твои патишта и ке ја запази ногата твоја од препнување.
27. Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне.
28. Не му вели на пријателот свој: "Оди си и дојди пак; утре ке ти дадам" кога си во состојба да му помогнеш, зашто не знаеш што ке роди утрешниот ден.
29. Не крои зло против ближниот свој, кој е придојден и кој со доверба живее при тебе.
30. Не се карај со човек без причина, кога не ти направи никакво зло.
31. не завидувај му на човек што постапува насилно, и не избирај ни - еден од патиштата негови,
32. зашто на Господа му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот.
33. Проклетството Господово е врз домот на нечесниот, а живеалиштето на праведникот Бог го благословува.
34. Над оние што се подигруваат, Он се потсмева, а на смирените им дава благодат.
35. Мудрите ке наследат слава, а безумните - срам.

  Proverbs (3/31)