Proverbs (28/31)  

1. Нечесниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел како лав.
2. Кога земјата ке отстапи од законот, тоагаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна.
3. Човекот сиромав што врши зло на слабите и исто како излеан дожд, од кој полза нема.
4. Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што Го бараат Господа, негодуваат против нив.
5. Лошите лу е не ја разбираат справедливоста, а оние, што го бараат Господа, разбираат се.
6. Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној, што ги искривува своите патишта, макар и да е богат.
7. Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татка си.
8. Кој го умножува имотот свој преку нечесност и лихва, тој го собира за добротворецот на сиромасите.
9. Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна.
10. Кој ги упатува праведните кон патот на злото, сам ке падне во јамата своја, а непорочните ке наследат добро.
11. Богатиот човек се смета за мудрец, ме утоа, умен сиромав ке го разобличи.
12. Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога нечесните се издигаат, лу е гинат.
13. Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се освестува и ги остава, ке биде помилуван.
14. Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ке падне во невоља.
15. Лав што рика и мечка гладна, тоа е нечесниот властодржец над беден народ.
16. Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ке има долги дни.
17. Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој. Казнувај го синот твој, и ке те засака: ке ја весели твојата душа; нема нечесните да ги слуша.
18. Кој оди непорочно, ке биде неповреден; а кој оди по криви патишта, ке падне на еден од нив.
19. Кој си ја обработува земјата, ке се наситува со леб, а кој е мрзлив и не работи, ке се насити со сиромаштија.
20. Верен човек ке биде многу благословуван, а кој бара да се збогати, не останува без казна.
21. Не е добро кога некој не се срамува од праведните: таков човек и за парче леб ке изврши неправда.
22. Завидлив човек брза кон богатството и не мисли, дека сиромаштијата ке го стигне.
23. Кој разобличува човек, отпосле ке најде поголема благонаклоност, отколку оној, што му ласка со јазикот.
24. Кој го краде татка си и мајка си и вели: ‘тоа не е грев‘ тој им е соучесник на грабителите.
25. Гордиот се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ке биде спасен.
26. Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ке биде спасен.
27. Кој дава на сиромав, нема да осиромаши; а кој ги крие очите од него, ке биде проколнуван.
28. Кога нечесните се издигаат, лу ето се кријат, а кога па аат, праведниците се умножуваат.

  Proverbs (28/31)