Proverbs (27/31)  

1. Не се фали со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ке роди тој ден.
2. Нека те фали друг, е не устата твоја, - ту , а не јазикот твој.
3. Тежок е каменот, тешка е и песокта; но гневот на безумниот е потежок и од едното - и од другото.
4. Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ке издржи против зависта?
5. Подобро отоворено разобличување, отколку сокриена љубов.
6. Искрени се ударите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази.
7. Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душе се што е горчливо - слатко и е.
8. Она што е птица, која го напушта гнездото свое, тоа е човек, кој го напуштил местото свое.
9. Мирисот од елеј и темјанот го радуваат срцето; така сладок му станува на секого пријателот со неговиот срцечен совет.
10. Не напуштај го пријателот свој, ниту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куката негова во денот на невољата твоја; подобро сосед во близина, токолку брат надалеку.
11. Биди мудар, синко, и радувај го срцето мое, - и јас ке имам што да му кажам на оној, што ме клевети.
12. Умниот го гледа злото и се клони од него; а неискусните одат напред и биваат казнувани.
13. Земи му ја облеката, зашто се заложил за ту инец; и за ту инката земи од него залог.
14. Кој многу го фали пријателот свој од рано утро, ке го сметаат за клеветник.
15. Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаxика се едно исто:
16. кој сака да ја задржи, задржува ветар, а таа се појавува како миризлив елеј во десницата.
17. Железо железо остри, и човек го изострува погледот на пријателот свој.
18. Кој сади смоква, ке ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ке биде почитуван.
19. Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек.
20. Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите човечки. Одвратен пред Господа е оној, кој дрско ги крева очите, и неразумни се, оние што имаат невоздржлив јазик.
21. Она што е топилницата за среброто и печката за злато, тоа се за човекот устите, што го фалат. Срцето на беззаконикот бара зло, а правото срце бара знаења.
22. Безумниот да го толчиш со железо во дибек заедно со зрната, - безумието нема да се оддели од него.
23. Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои;
24. зашто богатството не е вечно, пак и власта - зар се е од род во род?
25. Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски,
26. Тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите - за купување ниви;
27. Kе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слуги за исхрана.

  Proverbs (27/31)