Proverbs (25/31)  

1. И ова се мудри изреки Соломонови, што ги собраа лу ето на јудејскиот цар Езекија.
2. Слава за Бога е да ја вообликува секога работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите.
3. Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо.
4. Оддели ја смесата од среброто, и истата ке биде работа на златарот;
5. оддалечи го неправедниот од царот, и престолот негов ке се зацврсти со правда.
6. Не се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците;
7. зашто подобро е кога ке ти кажат: ‘дојде тука погоре‘, отколку кога ке те понизат пред кнезот, кога го виделе очите твои.
8. Она што го виделе твоите очи не брзај да го изнесеш во обвинение, зашто, што ке правиш на крајот, кога твојот противник ке те посрами?
9. Суди се со противникот, но ту и тајни не откривај,
10. за да не те прокори оној, што ке го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе. Љубовта и дружбата ослободуваат: запаси ги за себеси, за да не станеш достоен за навредување; запази си ги патиштата свои добро уредени.
11. Уместно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка.
12. Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и украс од чисто злато.
13. Како ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се испрака: тој му донесува утеха за душата на својот господар.
14. Како облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци.
15. Во долготрпеливота е успехот на царевите, а мек јазик коски крши.
16. Ако најдеш мед, само јади, колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш.
17. Не оди често во куката на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази.
18. Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој што сведочи лажно против ближниот свој.
19. Она што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безнадежниот во злочест ден.
20. Она што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на рана, таков е оној, кој песни пее на натажено срце. Како што молец ја повредува облеката и црвот - дрвото, така жалоста го повредува човековото срце.
21. Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода;
22. зашто, правејки го тоа, ти натрупуваш жар врз главата негова, и Господ ке ти воздаде.
23. Северниот ветер дожд донесува, а таен јазик - незадоволни лица.
24. Подобро да живееш во агол на покривот, отколку со жена кавгаxика во широка кука.
25. Она што е студената вода за измачената душа од жед, тоа е добрата вест од далечна страна.
26. Она што е заматен извор и растурен кладенец, тоа е праведниот кој па а пред нечесниот.
27. Како што не е добро да се јаде многу мед, така не е добро и да лакомиш за слава што не е слава.
28. Она што е разрушен град, без sидови, таков е човекот, кој не владее со духот свој.

  Proverbs (25/31)