Proverbs (23/31)  

1. Кога ке седнеш да јадеш со силен, гледај добро што има пред тебе,
2. и постави ограда на грлото свое, ако си лаком.
3. Не се занесувај од вкусните гозби негови: тие се примамлива храна.
4. Ако си сиромав, не настојувај да трупаш богатство; бегај од таквите мисли.
5. Kе ги устремиш очите кон него, о - веке го нема: тоа ке си направи криља и како орел ке летне кон небото.
6. Не јади леб кај завидлив човек и не се занесувај од вкусните гозби негови;
7. зашто какви му се мислите во душата негова, таков е и тој; ‘јади и пиј‘ ти вели, но срцето негово не е со тебе.
8. Залакот, што си го изел, ке го изблуеш, и убавите зборови свои напразно ке ги потрошиш.
9. Во ушите на безумниот не зборувај, зашто тој ке ги презре разумните зборови твои.
10. Не преместувај стара ме а и во нива на сираци не влегувај;
11. зашто нивниот Заштитник е силен; Он ке се замеша во делото нивно против тебе.
12. Управи го срцето свое кон учење и ушите свои - кон умни зборови.
13. Не оставај го детето без казна: ако го казниш со прачка, тоа нема да умре;
14. Kе го казниш со прачка, и ке ја спасиш душата негова од пеколот.
15. Синко, ако твоето срце биде мудро, и моето срце ке се радува;
16. ке се радуваат и моите внатрешности, кога твојата уста говори право.
17. Срцето твое нека не им завидува на грешниците, туку биди во сите дни свои во стравот Господов;
18. зашто има иднина, а твојата надеж не е загубена.
19. Слушај, синко, и биди мудар и управувај го срцето свое по прав пат.
20. Не биди ме у оние, што се опиваат со вино, ме у оние, што се презаситуваат со месо, -
21. зашто пијаницата, и блудникот и оној што се прејадува, ке осиромашат, а сонливоста ке ги облече во партали.
22. Слушај го, синко татка си свој: тој те родил; не ја занемарувај мајка си кога таа ке остарее.
23. Купувај вистина и не продавај мудрост, учење и разум.
24. Праведниот добро го воспитува синот свој; на умниот свој син, му се радува тој.
25. Нека ти се радуваат татко ти и мајка ти, нека се радува онаа која те родила.
26. Синко, дај ми го мене срцето и очите твои да ги гледаат патиштата мои, -
27. зашто блудницата е длабока пропаст, и ту а жена - тесен кладенец;
28. таа како разбојник ги пречекува и ги умножува престапниците на законот ме у лу ето.
29. На некого - ах, не некого -ох, не некого - кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи?
30. На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми.
31. не го гледај виното како се црвенее, какви се искрите во чашата, како убаво се лее;
32. отпосле тоа ке касне како змија и ке жилне како отровница;
33. очите твои ке гледаат ту и жени, и срцето твое ке почне да говори развратно;
34. и ти ке бидеш како заспан среде море и како задреман на врв на јарбол,
35. па ке речеш: "Ме биеја, не ме болеше; ме туркаа, не чувствував. Кога ке се разбудам, пак ке го барам истото."

  Proverbs (23/31)