Proverbs (22/31)  

1. Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е добра слава, отколку сребро и злато.
2. Богатиот и сиромавиот се срекаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.
3. Умниот го гледа злото и се клони; а безумните одат напред и се казнуваат.
4. Плодови на мудроста се: стравот Господен, богатството, славата и животот.
5. По патот на подмолниот - трње и стапици: кој ја пази душата своја, ке бега од нив.
6. Поучи го момчето го почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ке остари.
7. Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот.
8. Кој сее неправда, ке пожнее зло, и прачката на гневот негов ке го удри него самиот,
9. Господ го сака човекот, што доброволно дава, и ке го пополни недостигот не делата негови.
10. Милосрдниот ке биде благословен, што им дава на бедните од лебот свој. Кој дава подароци, печали победа и чест, и дури овладува со душите на оние, што ги добиваат.
11. Истерај го подбивачот, и раздорот ке изчезне, ке престанат кавгата и навредите.
12. Господ љуби чисто срце, Нему Му се пријатни оние, што одат по прави патишта; со устата своја управува царот над народот свој.
13. Очите на Господа го чуваат знаењето, а зборовите на престапникот Он ги презира.
14. Мрзливиот вели: "Лав на улицата! На патот има разбојници!"
15. Устите на законопрестапниците се длабока бездна: на кого Господ ке се разгневи, тој ке падне во неа. Пред лошите се појавува лош пат, но тие продолжуваат да одат по него,
16. Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ке го отстрани далеку од него.
17. Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, - ке осиромаши.
18. Наклони го увото и слушај ги зборовите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови, за да разбереш дека се добри.
19. Зашто ке се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја.
20. За да биде твојата надеж во Господа, јас ти го покажувам патот твој.
21. А ти сега запиши ги трипати, советите и поуките во срцето свое; јас те поучив на зборовите вистински и добри, ти одговарам, точно на сите тои прашања.
22. Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник при портите, -
23. оти Господ ке се застапи за нив, и ке ја истргне душата на грабачите нивни.
24. Не дружи со гневлив и не оди со човек жесток,
25. за да не се навикнеш на нивни патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.
26. Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за ту и долгови:
27. ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?
28. Не преместувај стари ме и, кои твоите татковци ги поставиле.
29. Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ке стои пред цареви, нема да стои пред прости.

  Proverbs (22/31)