Proverbs (21/31)  

1. Срцето на царот е во раката на Господа, како водните потоци: Он го насочува, каде што ке посака.
2. Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата.
3. Да ја пазиш правдата и правосудието Му е поугодно на Господа, отколку крвта од жртвите.
4. Горделивите очи и надуеното срце се светило на грешник, а тоа е грев.
5. Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува трпи немаштија.
6. Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта.
7. Насилството на нечесните ке се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро.
8. Крив е патот на развратниот човек; а на чистиот постапките му се прави.
9. Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во заедничка кука, а со жена кавгаxика.
10. Душата на нечесниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов.
11. Кога го казнуваат подбивачот, простиот станува мудар; и кога мудриот го вразумуваат, тој се здобива со знаење.
12. Праведниот го набљудува срцето на нечесниот: гледа како нечесните па аат во грев.
13. Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот за да не го слуша, и тој самиот ке пишти, - и нема да го чујат.
14. Таен подарот го стивнува гневот, а дар под рака - и жестоката јарост.
15. Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло.
16. Човек кој скршнал од патот на разумнот, ке се насели во собранието на мртвите.
17. Кој сака веселби, ке осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати.
18. Нечесниот ке биде откуп за праведниот, и лукавиот - за простодушниот.
19. Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаxика.
20. Скапоцени добра и елеј има во куката на мудриот, а безумниот човек ги растура.
21. Кој ја пази правдата и милоста, ке најде живот, правда и слава.
22. Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која се надевале нечесните.
23. Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло.
24. На дрскиот силник - името му е потсмевач - дејствува со прекумерна дрскост.
25. Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат.
26. тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал.
27. Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, зашто ја принесуваат со лукавство.
28. Лажниот сведок ке загине, а човек, кој говори она што знае, ке говори секогаш.
29. Нечесниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој.
30. Нема мудрост, нема разум, нема совет - против Господа.
31. Коњот го подготвуаат за денот на битката, но победата е од Господа.

  Proverbs (21/31)