Proverbs (20/31)  

1. Виното е потсмевка, ракијата - бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен.
2. Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, греши против себеси.
3. Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа.
4. Мрзливиот од укори не се срамува, не се срамува ни оној, кој позајмува жито за време на жетва.
5. Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува.
6. Мнозина го фалат човекот за милосрдноста негова, но кој нао а вистински човек?
7. Праведникот оди по својата непорочност: блажени се децата негови по него.
8. Кога цар праведен седи на престол, нему не му се противи никакво зло.
9. Кој може да каже: "Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?"
10. Нееднакви терзии, нееднаква мерка, - и едното и другото се одвратност пред Господа.
11. Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ке биде и правилно ли ке биде поведението негово?
12. Уво, кое слуша, и око, кое гледа, - и едното и другото Господ го создал.
13. Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ке јадеш леб до наситување.
14. "Лошо е, лошо е," вели купувачот, а кога ке одмине, тогаш се фали.
15. Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од се.
16. Земи ја облеката негова, бидејки се заложил за ту човек; и за ту инка земи залог од него.
17. Леб, спечален со неправда, му се засладува на човека; но подоцна - устата негова со песок се наполнува.
18. намерите добиваат цврстина преку советување: и по советувањето водат војна.
19. Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај.
20. Кој зборува лошо за татка си и мајка си, зениците на очите негови ке згаснат среде длабока темнина.
21. Налседство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле.
22. Не вели: "Kе му се одмаздам на непријателот", туку остави на Господа, Он ке ти помогне.
23. Двојни мерки се одвратност пред Господа; и неточни мерки не се добри пред Господа.
24. Стапките на човекот се определуваат од Господа; тогаш, како човекот може да го дознае патот свој?
25. Стапица е за човекот набрзина да вети жртва, а по жртвата да се кае.
26. Мудар цар ги распознава нечесните и го свртува врз нив тркалото.
27. Господово светло е човечкиот дух, кој ги испитува сите длабочини на срцето.
28. Милоста и вистината го запазуваат царот, и со милост тој го одржува престолот свој.
29. Слава за младите е нивната сила, а украс за старците - е нивната бела коса.
30. Раните од борбата се лек против злото, исто така и ударите, што стигнуваат до внатрешноста на утробата.

  Proverbs (20/31)