Proverbs (2/31)  

1. Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси,
2. ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување, ако со нив го поучиш синот твој;
3. ако ги повикаш знаењето и разумот;
4. ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, -
5. ке го разбереш стравот Господов и ке го најдеш знаењето за Бога.
6. Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доа а знаењето и разумот;
7. Он го зачувува за праведните спасението; Он е штит за оние што одат непорочно;
8. Он ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат.
9. Тогаш ке ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат.
10. Кога мудрост ке влезе во срцето твое, и знаењето ке и биде пријатно на душата твоја,
11. тогаш расудувањето ке те брани, разумот ке те чува,
12. за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага,
13. од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по пат не темнината;
14. од оние, што се радуваат, вршејки зло, кои се восхитуваат на расипаност,
15. чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат;
16. за да те спаси од жената на друг, од ту а, која ги засладува зборовите свои,
17. која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог.
18. Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини - кон пеколот;
19. никој од влезените при неа не се врака никогаш и не стапнува на патот кон животот.
20. Затоа оди по патот на добрите и придржувај се за патеките на праведните,
21. зашто праведните ке живеат на земјата, и непорочните ке опстанат на неа;
22. а беззакониците ке бидат истребени од земјата, и вероломните - искоренети од неа.

  Proverbs (2/31)