Proverbs (19/31)  

1. Подобро сиромав, кој оди во својата неопрочност, отколку богат со лажлива уста, притоа и глупав.
2. Не и е добро на душата без знаење; а кој брза со нозете, се сопнува.
3. Глупавоста на човекот му го искривува патот негов, а срцето негово негодува против Господа.
4. Богатството собира многу пријатели, а сиромавиот го напушта и пријателот негов.
5. Лажниот сведок нема да остане неказнет, и кој говори лага, нема да се спаси.
6. Мнозина им се умилкуваат на големците, и секој му е пријател на човекот, кој дава подароци.
7. Сиромавиот го мразат сите негови брака, а уште повеке се оддалечуваат од него пријателите: трчка по нив, за да проговори - но нив ги нема.
8. Кој се здобива со разум, ја сака душата своја; кој ја пази мудроста, нао а добро.
9. Лажниот сведок нема да остане неказнет, а кој говори лага ке загине.
10. На безумниот не му прилега раскош, уште помалку на слуга - да господари над кнезови.
11. Благоразумноста го прави човекот бавен на гнев, и за него е чест да биде снисходлив кон грешките.
12. Гневот на царот е како лавовско рикање, а љубовта негова - како роса по трева.
13. Безумен син е пропаст за татка си, и жена кавгаxика е како незапирлива капка од стреа.
14. Куката и имотот се наследуваат од родителите, а разумна жена е дар од Господа.
15. Мрзливоста тоне во сон, е немарна душа трпи глад.
16. Кој пази запоевд, ја запазува душата своја, а кој не се грижи за своите патишта, ке загине.
17. Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господа, и Он ке му плати за неговата добрина.
18. Казни го сина си, додека има надеж, и не се возбудувај од викањето негово.
19. Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ке треба да го казниш уште повеке.
20. Слушај го, синко, советот на таткото твој, за да станеш потоа мудар.
21. Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господа.
22. Радост за човека е неговата милостиња; сиромавиот е подобар праведник од лажливиот богаташ.
23. Стравот Господен води кон живот, и кој го има, секогаш ке биде задоволен, и зло нема да го снајде.
24. Мрзливиот ја крие раката во пазувата своја и не сака да ја подигне до устата своја.
25. Ако го казниш оној што се потсмева, и простиот ке стане разумен; и ако му укажеш на разумниот, тој ке ја разбере поуката.
26. Кој го упропастува татка си и ја набркува мајка си, син е бесрамен и нечесен.
27. Немој, синко, да слушаш совети што те отстрануваат од зборовите на разумни.
28. Лукавиот сведок се потсмева со судот, и устата на беззакониците голта неправда.
29. Готови се судовите за невоздржливи, и ударите за телото на безумните.

  Proverbs (19/31)