Proverbs (17/31)  

1. Подобро сув залак и со него мир, отколку кука полна со заклан добиток, но во раздор.
2. Разумен слуга господари над развратник и со браката ке го подели наследството.
3. Топилницата е за сребро, печката - за злато, а срцата Господ ги испитува.
4. Лош човек се вслушува во беззакона уста; праведникот лажлива уста не слуша.
5. Кој се подбива со сиромав, Создателот Му го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет, а милосрдниот ке биде помилуван.
6. Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите ниви. Во верникот има огромно богатство, а во неверниот нема ни пара.
7. На безумен умен збор не му прилега, уште повеке на големец - лажлива уста.
8. Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го има: каде и да се сврти ке успее.
9. Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.
10. Врз разумниот посилно дејствува прекорот, безумниот - и кога го бијат не чувствува.
11. Будалиот бара само зло, затоа жесток ангел ке биде испратен против него.
12. Подобро човек на сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство.
13. Кој врака зло за добро, злото нема да ја напушти куката негова.
14. Почеток на караницата е како кога водна брана се отвара: отстапи од караницата пред да се разгори.
15. Кој оправдува нечесен и кој обвинува праведен - и обајцата се одвратност пред Господа.
16. Што ке му се пари во рацете на безумен? За да купи мудрост, но тој нема разум. Кој си прави висока кука, бара да се сотре, а кој се остранува од учењето, запа а во беда.
17. Пријателот сака во секое време и како брат ке се јави во време на невоља.
18. Малоумен човек дава рака и се залага за ближниот свој.
19. Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне.
20. Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ке западне во беда.
21. За таткото на безумен нема радост, а разумниот син ја весели својата мајка.
22. Веселото срце е како лек благотворно, а паднатиот дух коски суши.
23. Не се прави патиштата на нечесните што земаат подароци; нечесните го искривуваат патот на правосудието.
24. Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата.
25. Безумен син е мака за таткото и огорчување за мајката.
26. Не е добро да го казнуваш правиот, ниту кнезовите да го бијат оној што исправно работи.
27. Разумниот е воздржан во зборовите свои, трпеливиот е подобар од оној што бара знаење.
28. И безумниот кога молчи за мудар го сметаат, и кој ја затвара устата своја - за разумен го сметаат.

  Proverbs (17/31)