Proverbs (16/31)  

1. Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господа.
2. Сите дела на смирениот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги мери душите.
3. Предај ги делата свои на Господа, и твоите намери ке се исполнат.
4. Господ направи се со определена цел, и за нечесниот - злочест ден.
5. Секој горделив по срце е одвратност пред Господа: можеш да потврдиш, дека тој нема да остане неказнет. Почетокот на добриот пат е - да се врши правда; тоа е поугодно пред Бога, отколку да се принесуваат жртви. Кој Го бара Господа, ке најде знаење со правда; оние што навистина Го бараат, ке најдат мир.
6. Со милосрдност и правда грев се исчистува, и со страв Господов зло се отстранува.
7. Кој го бара Господа - тој добива разумност и праведност.
8. Кој што бара правда - тој ке добие спокој.
9. Сите дела Господови се добри, а нечесниот - лош ден го очекува.
10. Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд.
11. Точните мерила и тасовите се од Господа; од него се и сите точни мерки.
12. Незаконско дела е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајкнува.
13. Спреведлива уста на царот му е пријатна, и Господ го сака оној, што ја кажува вистината.
14. Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ке го смилостиви царот.
15. Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд.
16. Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеке за предпочитување отколку одбрано сребро.
17. Патот на праведните е отстранување од злото: патиштата на праведните водат кон долг живот; кои примаат поука - добрини ке видат, а кои примаат прекори - помудри ке бидат; кој ги пази своите патишта - душата своја ке ја запази; кој го сака животот свој - тој внимава што зборува.
18. Пред погибел гордоста врви, и пред па ање - надуеноста.
19. Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви.
20. Кој ја води разумно работата своја, добро ке најде, и кој се надева на Господа, блажен е.
21. Мудрите по срце, разумни ке ги наречат, и слаткиот збор го зголемува знаењето.
22. Разумот за оние, што го имаат, е извор на животот, а ученоста на безумниот е зло.
23. Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, разумнот се пројавува и во устата негова.
24. Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.
25. Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта.
26. Кој се труди, се труди за себеси, зашто кон тоа устата го упатува; подмолниот во својата уста ја носи својата пропаст.
27. Лукав човек зло на себеси прави, во устата своја - оган разгорува.
28. Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува.
29. Насилник човек го мами својот ближен и го води кон лош пат;
30. замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајки си ги усните, извршува зло; тој е оган од злоба.
31. Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата.
32. Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себеси, подобар е и од завојувачот на градови.
33. Жреб се фрла во скут, но се што решава тој, од Господа е.

  Proverbs (16/31)