Proverbs (14/31)  

1. Мудра жена си ја уредува куката, а глупавата ја урива со рацете свои.
2. Кој оди по прав пат, се плаши од Господа; на кого патиштата му се криви, тој не мисли за Него.
3. Во устата на безбожникот се камшикот на гордоста; а мудрите ги запазува нивната уста.
4. Каде што нема волови, јаслите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито.
5. Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги.
6. Развратникот бара мудрост, и не ја нао а; а разумниот до знаењето лесно доа а.
7. Бегај од безумен човек, кај кого не забележуваш разумна уста.
8. Мудроста на разумниот е да го знае патот свој, а безумноста на безрасудните е заблуда.
9. Домовите на беззакониците треба да се чистат, а домовите на праведните се чисти и пријатни.
10. Срцето ја знае тагата на душата своја, и ту не се мека во радоста негова.
11. Куките на беззакониците ке се сотрат, а живеалиштата на праведните ке опстојат.
12. Има патишта, кои на човека му изгледаат прави, но крајот нивни води до дното на пеколот.
13. И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настаува тага.
14. Човек со развратно срце ке се насити од своите патишта, но добриот - си оди по правите.
15. Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори.
16. Мудриот бега од злото, а неразумниот се надева во себе и со беззаконици се дружи.
17. Избувливиот човек не слуша совет, а пакосниот е омразен.
18. Безумните се исполнуваат со злоба, а благоразумните се укразуваат со венец.
19. Лошите ке се приклонат пред добрите, а нечесните - служат пред вратите на праведникот.
20. Сиромавиот го мразат дури и неговите блиски, а богатиот има многу пријатели.
21. Греши оној што го презира сиромавиот, а блажен е оној што е милосрден кон сиромасите.
22. Нели се заблудуваат оние, што кројат зло? Не знаат милост и верност, кои вршат зло; но милост и верност има кај оние што мислат добро.
23. Од секој труд има изобилен плод, а празните зборови и негрижата водат кон скудност.
24. Венец на мудрите е богатството нивно, а животот на безумните е само зло.
25. Верен сведок души спасува, а лажливиот лаги измислува.
26. Во стравот пред Господа има голема надеж, и на чедата Свои Он им е прибежиште.
27. Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта.
28. Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ - пропаст е за господарот.
29. Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости.
30. Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските.
31. Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда.
32. За своето зло нечесниот ке биде отфрлен, а праведниот и при смртта ке има надеж.
33. Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот не се јавува.
34. Правдата подига народ, а беззаконието ги срамоти племињата.
35. На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува.

  Proverbs (14/31)