Proverbs (13/31)  

1. Мудар син слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.
2. Од плодот на устата своја човекот ке вкуси добро, а душата на беззаконикот ке загине предвреме.
3. Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отора устата своја, тешко нему.
4. Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ке се насити.
5. Праведниот го мрази лажливиот збор, а нечесниот се срами и нема смелост.
6. Правдата го чува непорочниот, а нечеснотса го погубува грешникот.
7. Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажжува за сиромав, а има големо богатство.
8. Со богатство човек го искупува животот свој, а сиромавиот и заплашувањето не го слуша.
9. Светлината на праведниците свети секогаш, а светилото на нечесните згаснува.
10. Од гордоста произлегува спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
11. Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
12. Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнета желба е како дрво на животот.
13. Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ке му се даде.
14. Учењето на мудриот е извор на животот, кој го оддалчува од мрежите на смртта.
15. Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззаконицте, води во пропаст.
16. Секој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости.
17. Лош гласник па а во беда, а верен гласник е спасение.
18. Немаштија е срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ке се прослави.
19. Изполента желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.
20. Кој се состанува со мудри, мудар ке биде; а кој другарува со безумни, глупав ке биде.
21. Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се врака добро.
22. Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните.
23. Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат.
24. Кој ја жали прачката своја, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува за да го поправи.
25. Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од недостиг.

  Proverbs (13/31)